Руско МНР: Влезот на Шведска во НАТО ѝ нанесува штета на европската безбедност

НАТО знаме
Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека влезот на Шведска во НАТО ќе предизвика „значителна штета на безбедноста на Северна Европа и на европскиот континент во целина“ и предупреди дека Русија ќе биде „принудена да преземе одмазднички чекори“.

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, како воено-технички, така и од друга природа, за да ги запре заканите за нејзината национална безбедност.

„Во овој поглед, многу ќе зависи од специфичните услови за интеграција на Шведска во Северноатлантската алијанса, вклучително и изгледите за распоредување на офанзивниот вооружен систем на овој воен блок на шведска територија”, се наведува во соопштението.

Руското министерство оцени и дека членството на Шведска во НАТО нема да ја зајакне нејзината безбедност, туку ќе доведе до губење на суверенитетот при носењето на надворешно-политичките одлуки.

Шведската влада денеска донесе одлука да поднесе барање за влез во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот