Руски хеликоптер поради дефект принудно слета во Сирија

Хеликоптер/ Фото: EPA-EFE/Valda Kalnina

Руски хеликоптер Ми-35 принудно слета поради технички проблеми за време на летот над северната сириска провинција Хасака, соопштија државните агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија.

Екипажот беше брзо евакуиран на аеродромот и нема опасност за животот на пилотите, јави новинската агенција РИА.

„На хеликоптерот не е пукано”, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот