Руската амбасада во САД бара визи за Лавров и сите членови на руската делегација за седницата на ГС на ОН

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Руската амбасада во САД побара од Белата куќа и Стејт департментот да му издадат визи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на сите членови на руската делегација за учество на Генералното собрание на ОН во септември. Ова го изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Амбасадата веќе се обрати до Белата куќа и Стејт департментот со барање да ги исполни обврските на една земја на територијата на која е седиштето на ОН и веднаш да му издаде виза на министерот и на сите членови на руската делегација”, рече амбасадорот во изјава за руски медиуми.

Заменик портпаролот на ОН Фархан Хак изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во близок контакт со САД и Русија за прашањето за издавање визи за руската делегација за учество во неделата на политички дебати на високо ниво на сесијата на Генералното собрание на ОН во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот