Руси сѐ повеќе купуваат имот во Турција

Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Двојно е зголемен бројот на имоти во Турција купени од Руси, јавува турската телевизија НТВ.

Во првите седум месеци од годината, бројот на имоти купени во Турција од руски државјани изнесува 6877, што е зголемување за 223,4 отсто на годишно ниво, покажуваат статистичките податоци на Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Во текот на тој период, имаше сериозен пораст на продажбата на недвижности во Турција на странци воопшто. Регистрираниот раст е 57,4 отсто на годишно ниво, а бројот на продадени имоти е 39.322.

Во периодот јануари-јули најмногу живеалишта се продадени во Истанбул – 16.049, а по неа е Анталија – 11 257. Сепак, Анталија е на врвот на листата за јули, со вкупно 1421 продадени имоти.

Русите најмногу инвестирале во имот во Турција, купувајќи вкупно 6877 домови. По нив следат Иранците кои купиле 5.315 домови и Ирачаните – 4405 живеалишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот