Русија не го смени својот нуклеарен став по изјавите на Лукашенко, тврди Столтенберг

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

НАТО не гледа никакви индикации дека Русија го сменила својот нуклеарен став по изјавите на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека неговата земја добила нуклеарно оружје од Москва, кое не се плаши да го употреби, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Лукашенко завчера рече дека нема да се двоуми да нареди употреба на руско тактичко нуклеарно оружје, кое би требало да биде распоредено во Белорусија, доколку неговата земја биде нападната.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа година соопшти дека планира да распореди нуклеарно оружје со краток дострел во Белорусија и нагласи дека Москва ќе ја задржи контролата врз тоа оружје.

– Ние, се разбира, внимателно следиме што прави Русија. Досега не видовме никакви промени во нуклеарниот став што бара некакви промени во нашиот став, им рече Столтенберг на новинарите пред да почне да претседава со состанокот на министрите за одбрана на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот