Русија ја тресе скандал: Чеченски борци ја силувале омилената водителка на Путин во окупираниот град?

принтскрин Твитер

Украинските медиуми тврдат дека, Русија ја тресе голем скандал откако во јавноста протече допис на руската телевизија НТВ, во кој се наведува дека нивната новинарка била силувана во окупираниот град Мелитопол. Руската новинарка Олга Зенкова била испратена во Мелитопол да направи репортажа од градот кој бил окупиран од Русите на самиот почеток на војната. Меѓутоа, како што се наведува, налетала на озлогласената чеченска бригада и војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.

Украинците пишуваат дека за инцидентот дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протекло обвинување и официјален протест на НТВ, во која управата го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот. Официјалниот документ е испратен до шефот на Истражниот комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискредитација на руската армија“.

На Телеграм каналот наречен „Ishchi svichi“ ( „Барај го твоето“) беше објавена копија од писмото на шефот на рускиот канал НТВ до Истражниот комитет, кој бара истрага за извршеното злосторство.

Во писмото наводно напишано на 21 јануари 2023 година, во полиција е пријавено дека новинарката Олга Зенкова и снимателот Артиомас Епифанов работеле во Мелитопол. На 17 јануари тие биле на ручек во ресторанот „Воронцовски“, кога биле нападнати од мажи облечени во воени униформи, кои се претставиле како „ елитни војници на баталјонот Ахмат“.

За време на инцидентот, снимателот бил претепан и се се здобил со „умерени повреди“, а Зенкова била силувана, стои во објавениот допис.

На веб-страницата на НТВ е посочено дека О.Зенкова е нивна вработена и „регионален дописник“, а А.Епифанов вработен како снимател во НТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот