Руни: Манчестер јунајтед направи една голема грешка

twitter.com/Rooney_esque

– Ван Гал не само што ме направи капитен, туку и целосно веруваше во мене – вели поранешниот англиски репрезентативец.

Еден од поранешните играчи на клубот од „Олд Трафорд“ Вејн Руни верува дека е направена голема грешка со отказот на Луј Ван Гал после две години на клупата.

Холандскиот тренер беше отпуштен 24 часа откако му донесе триумф во ФА Купот во мај 2016 година, а подоцна беше заменет од Жозе Мурињо.Руни беше многу разочаран кога Ван Гал беше отпуштен.

Требаше да остане уште една година. Соработката беше добра, и јас самиот почувствував дека нештата почнаа да одат во добар правец и ја разбиравме неговата визија. Во тие две години научив повеќе од кој било друг менаџер. Ме направи капитен, но и целосно веруваше во мене. Да, немавме најдобра екипа во лигата и не не можевме да си дозволиме да имаме 12 повредени. Затоа секогаш ќе бидам благодарен на него. Тој не само што ме направи капитен, туку тој и целосно веруваше во мене. Немавме најдобар тим во лигата и не можевме да си дозволиме да имаме 12 повредени. Нашите најдобри стартери беа доволно добри за топ 4, но откако дојдоа повредите, имавме проблем, затоа што немавме доволно квалитет во составот – рече поранешниот англиски репрезентативец.

Ван Гал со „црвените ѓаволи“ го освои трофејот во ФА купот во сезоната 2015/2016, а Мурињо пред да биде заменет од Оле Гунар Солскјер, успеа со екипата следната сезоната да ги освои Лига купот, ФА Комјунити Шилд и Лига Европа.

Руни вкупно 13 години беше дел од Јунајтед, со пет титули во Премиер лигата, европски и светски шампион во 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот