Рубен Аморим прв кандидат за нов менаџер на Ливерпул

Рубен Аморим/фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим во моментов е најсериозен кандидат за наследник на Јирген Клоп во Ливерпул, пренесуваат португалските медиуми.

Откако стана јасно дека Чаби Алонсо останува во Баер Леверкузен, првите луѓе на англискиот фудбалски клуб го избраа Рубен Аморим за наследник на Јирген Клоп, пишуваат португалските медиуми. Тие најавуваат дека 39-годишниот Португалец би можел да потпише тригодишен договор со премиерлигашкиот гигант.

Аморим имаше солидна играчка кариера, најголемиот дел од времето го помина во дресот на Бенфика, а за португалската репрезентација одигра и 14 натпревари.

Како тренер прво се докажа во Брага, а четврта сезона го води Спортинг и е блиску до освојување на втората шампионска титула. Клоп на крајот на јануари објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул бидејќи, како што објасни, останал без енергија.

„Црвените“ со Арсенал моментно ја делат лидерската позиција на табелата во Премиер лигата, а во четвртфиналето од Лига Европа ќе играат против Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот