Роналдо во судиското продолжение ги урна Пандев и Џенова

twitter/juventusfc

Италијанскиот шампион Јувентус во судиското продолжение дојде до триумф над Џенова чиј член е Горан Пандев. Кристијано Роналдо од пенал, во петтата минута од продолжението, го постигна голот за триумф од 2:1 и за три бода со кои неговиот тим остана на лидерската позиција на табелата во Серија А. Капитенот на македонската репрезентацијата, Горан Пандев беше дел од првиот тим на Џенова и играше до 68.минута, кога на негово место во игра влезе Гумуш.

Леонардо Бонучи со удар со глава од корнер го доведе Јувентус во водство, а израмни Кристијан Куаме пред крајот на првиот дел.

Лацио убедливо оствари убедлив триумф од 4:0 над Торино, додека Рома со идентичен резултат но како гостин го победи Удинезе во чии редови од 55. минута настапи и Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот