Роналдо со хет-трик му донесе триумф на Јунајтед и стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Кристијано Роналдо го помина Јозеф Бикан на листата на најдобри стрелци во историјата на фудбалот/ фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Кристијано Роналдо одигра најдобро кога беше најпотребно, а притоа успеа да се запиша во историјата на фудбалот.

Португалецот ги постигна трите гола за Манчестер јунајтед во триумфот од 3:2 над Тотенхем, а притоа стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот.

Најдобар стрелец во историјата на фудбалот до вечерва беше Јозеф Бикан кој на 530 официјални натпревари постигна 805 голови, сè до вечерва.

Роналдо со првиот гол на натпреварот против Тотенхем се израмни со Бикан на првото место на вечната листа на најдобри стрелци, а со вториот гол го претекна поранешниот репрезентативец на Чехословачка.

За историското постигнување на Португалецот му беа потребни 1.110 официјални натпревари.
Роналдо го отвори резултатот во 12 минута, но Тотенхем израмни во финишот од првиот дел со голот на Хари Кејн од пенал.

Радоста на гостите траеше само три минути бидејќи Роналдо повторно му донесе предност на Јунајтед. Овој резултат беше активен до 72 минута кога Хари Мегваер со автогол го „почести“ Тотенхем за 2:2.

Но, до крајот на натпреварот Роналдо го постигна 807 гол во кариерата и му донесе триумф на Манчестер јунајтед кој се искачи на четвртото место на табелата со 50 бода, два повеќе од Арсенал кој има натпревар помалку. Тотенхем остана на седмото место на табелата со 45 бода и два натпревари помалку од Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот