Роналдо наполни 35 години, Нејмар го слави 28 роденден (ВИДЕО)

фото: foxsportsasia.com

Португалската ѕвезда игра во врвна форма и е носител на играта на италијанскиот шампион, а Нејмар го дочекува роденденот со повреда.

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо и ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, денеска слават роденден. Португалецот наполни 35 години, додека бразилскиот фудбалер 28.

И покрај тоа што некои фудбалери на 35-годишна возраст веќе ја завршиле кариерата, Роналдо игра во врвна форма и е носител на играта на италијанскиот шампион. Претходно, тој играше и за Спортинг, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. Пет пати ја има освоено Златната топка. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите (128 гола на 168 натпревари).

Нејмар 28. роденден го дочекува со повреда. Тој ја започна својата професионална кариера во Сантос, со кој победи во Купот на Бразил и Купот Либертадорес.  Летото 2013 година, Бразилецот се пресели во Барселона за 57 милиони евра. Во каталонскиот клуб Нејмар мина четири сезони, за кои стана двапати шампион на Шпанија.

Во август 2017 година, Нејмар потпиша договор со ПСЖ. Сумата на трансферот изнесуваше рекордни 222 милиони евра. Како дел од парижаните, напаѓачот стана двократен шампион на Франција и победник во националниот куп.

Со Бразил, Нејмар стана олимписки шампион во 2016 година и победник на Купот на конфедерации 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот