Роналдо е господар на бројките

epa08590557 Juventus? Cristiano Ronaldo celebrates after scoring the 1-1 equalizer during the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match Juventus FC vs Olympique Lyon at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 07 August 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Никој никогаш во досегашната историја на Јувентус каде имало голем број на играчи кои освојувале признанија, немаат бројки како Португалецот.

Кристијано Роналдо е единствен фудбалер на Јувентус кој постигнал пет гола во првите пет натпревари во сезоната.

Покрај тоа, Ронадо го собори рекордот на легендарниот Алесандро дел Пјеро и во првите 69 натревари постигна неверојатни 60 гола за „старата дама“. Давид Трезеге кој е најдобар стрелец од странците во историјата на клубот за 60 гола му беа потребни речиси 100 натпревари.

Португалецот во вчерашната победа од 2:0 над Калјари ги постигна двата гола и тоа за четири минути со што уште еднаш покажа колку му значи на Јувентус.

– Среќни сме што игра за нас. Тој е вонземјанин, секогаш е подготвен да игра – изјави Андреа Пирло.

Иако головите ги постигнува како на филмска лента, сè уште постои неизвесност околу неговата иднина. Имено, тој има договор до 2022 година, се почести се шпекулациите дека тој може да си замине на крајот од сезоната.

Како главна причина за ваквите шпекулации е финансиската криза која го погоди клубот поради пандемијата на коронавирусот. Како можна дестинација се споменува ПСЖ кој нема проблем да му даде плата од 30 милиони евра, но по вчерашниот настап и двата гола, во „старата дама“ ја променија плочата.

– Не наседнувајте на лажните вести, тој е играч на Јувентус и така ќе остане. Бидете уверени, Роналдо не оди никаде – изјави директорот на Јувентус, Фабио Паратичи.

Со двата гола против Калјари, Кристијано Роналдо го прескокна Ференц Пушкаш на вечната листа на стрелци во клубовите и репрезентациите. Роналдо засега е на бројката од 748 гола, а пред него се само две имиња, Бразилецот Пеле со 761 гол и поранешниот фудбалер на Чехословачка, Јозеф Бичан со 805 гола.

ВИДЕО: Роналдо го води „шоуто“ во Јувентус!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот