Роналдо добил официјална понуда од Саудиска Арабија вредна 225 милиони долари

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња Кристијано Роналдо во вторникот го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и сега е слободен во изборот на новиот клуб.

Веднаш започна Роналдо да се поврзува со повеќе клубови, а светските медиуми сега пренесуваат дека повторно за Роналдо пристигнала понуда од Саудиска Арабија. Во прашање бил најпопуларниот клуб во оваа земја Ал Наср.

Роналдо во интервјуто кај Пирс Морган потврди дека и во текот на летото на имал понуда од Саудиска Арабија, но не беше откриено името на клубот.

Новата понуфа за Роналдо изнесувала 225 милиони долари за договор на три години. Засега нема информации дали Роналдо има намера да ја прифати оваа понуда, меѓутоа такво нешто сигурно нема да има пред завршувањето на настапот на Португалија на Светското првенство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот