Роналдо до крај ќе го почитува договорот со Јувентус

Кристијано Роналдо /

Важечкиот договор на еден од најдобрите фудбалери во светот со италијанскиот шампион трае до 30 јуни 2022 година.

Португалскиот репрезентативец од Реал Мадрид во летото 2018 година се пресели во редовите на „Старата дама“.

Важечкиот договор на Кристијано Роналдо со екипата на Јувентус трае до 30 јуни 2022 година.

Како што пренесува „Тутоспорт“, еден од најдобрите играчи во светот има намера до крај да го почитува договорот со италијанскиот шампион.

Изворот вели дека Португалецот е во одлични односи со „Бјанконерите“ и покрај шпекулациите за негово заминување од клубот.

Претходно „Калчомеркато“ објави дека постои интерес од ПСЖ, но Роналдо ја одби понудата од париските „светци“.

Моментно фудбалерот е во Мадеира во домашна изолација, а до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, оваа сезона имаше учинок од 25 голови и четири асистенции во 32 натпревари за Јуве.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот