Роеви скакулци ги изедоа посевите во Индија, тргнаа кон градовите: Беше тоа како напад од вонземјани (ВИДЕО)
Научниците велат дека за вакви наезди виновни се климатските промени.
Наезда од огроми пустински скакулци го погоди северозападот на Индија, јави АФП.
Скакулците уништија речиси 50.000 хектари посеви и ги натераа властите да се соочат со најлоша наезда од 1993 година.
Како што јави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на изјавите на научниците, климатското затоплување ја влоши оваа наезда.
Најлоша наезда во последните 25 години
Разговарале со вработен на голф терен во Џаипур кој им рекол дека видел рој скакулци оваа недела и како што велат, небото одеднаш добило необична розеникава боја.
„Го нападнаа голф-теренот“, им јави на другите вработени велејќи им дека имало милиони.
Научниците велат дека се работи за најлоша наезда во последните 25 години, но и дека овој пат самите скакулци се поинакви.
„Овој пат напаѓаат многу млади скакулци кои можат да летаат подалеку и кои се побрзи“, вели К.Л. Гурјар, заменик директор на Организацијата за предупредување на скакулци во Индија.
Дошле во Индија преку Пакистан и Иран, а видејќи посевите неодамна се собрани и се упатиле кон урбаните подрачја за да јадат грмушки, дрвја и било какво друго зеленило.
„Беше тоа облак од скакулци“
Во понеделникот преминаа преку Џаипур, градот во кој живеат 4 милиони луѓе.
Никхил Мисра, адвокат во Џаипур рече дека кога излегол од собата околу 10 како на тлото да видел сенка.
„Беше тоа нешто што не сум го видел никогаш во животот. Го погледнав облакот, но тоа беше не обичен облак, туку облак од скакулци, илјадници и илјадници од нив над мојата глава. Беше тоа тивок напад и чуден страв, како да ве напаѓаат вонземјани“, раскажа тој за Њујорк Тајмс.
Научниците виновникот го гледаат во климатските промени
Научниците велат дека за вакви наезди виновни се климатските промени.
Рокси Метју Кол, научник од индискиот Институт за тропска метеорологија, рече дека ваквите настани почнале кон крајот на 2019 година.
„Тогаш во Индискиот океан водата беше топла, а тоа доведе до многу дожд во источна Африка и на арапскиот полуостров. Тоа пак создаде идеални услови за размножување на скакулците“; вели тој.
Скакулците во Индија се проблем со кој владата се занимава регионално па се согласија да заборават на некои несогласувања со Пакистан за граничното подрачје да се третира со пестициди. Индија истото му го понуди на Иран и понудата е прифатена.
Индиските научници велат дека ројот скакулци поминува по 200 километри дневно, а може да изеда храна колку и 35.000 луѓе.