Роботите „убијци на вируси“ во првите борбени линии против коронавирусот ширум светот (ВИДЕО)

Најголем купувач на овие роботи е Кина, а голем дел од нив се испорачани токму во провинцијата Вухан од каде започна епидемијата на коронавирусот. Продажбата е во пораст и во останатите азиски земји, а во последно време таа се зголемува и во Европа.

Во воздухот се наоѓаат многу микроби кои предизвикуваат инфекции. Доколку се емитува одредена доза на УВ зраци постои голема сигурност дека човечкиот организам ќе биде заштитен од овие опасности.

„Машините на тркала“ редовно прават обиколка во собите во билниците низ целиот свет и со ултравиолетовите зраци ги уништуваат микробите.

„Ве молиме да ја на пуштите собата, да ја затворите вратат за да започнеме со дезинфекција“, приговара роботот кој служи за одржување на перфектна хигиена во болниците. Во изминатиот период побарувачката за овие роботи е неверојатно голема и поради тоа фабриката со Одензе, Данска, работи деноноќно за да успее да ги задоволи барањата на купувачите.

– Епидемијата на коронавирусот рапидно ја зголеми побарувачката – вели Пер Јул Нилсен, директорот на компанијата „Blue Ocean Robotics“ која ги произведува роботите.

Директорот открива дека најголем купувач на овие роботи е Кина, а голем дел од нив се испорачани токму во провинцијата Вухан од каде започна епидемијата на коронавирусот. Продажбата е во пораст и во останатите азиски земји, а во последно време таа се зголемува и во Европа.

– Италија покажува голем интерес за роботите бидејќи оваа земја се наоѓа во очајна состојба поради епидемијата. Ќе се обидеме да им помогнеме – вели Нилсен.

Динамиката на изработката е еден робот на ден, а поради зголемената побарувачка, фабриката планира итно да ги зголеми капацитетите. УВ зраците ги убиваат микробите Механизамот со кој се убиваат микробите се состои од осум сијалици кои емитуваат концентрирани УВ-Ц ултравиолетови зраци со кои се убиваат бактериите и вирусите така што дејствуваат на нивната ДНК и РНК и го спречуваат нивното размножување.

Машината е опасна по здравјето на луѓето, па поради тоа болните лица мораат да бидат надвор од болничките соби додека трае дезинфекцијата. Роботот убиец на микроби, својата работа ја завршува за 10-20 минути по што потоа во собата се чувствува мирис на запалена коса.

– Во воздухот се наоѓаат многу микроби кои предизвикуваат опасни инфекции. Доколку се емитува одредена доза на УБ зраци, постои голема веријатност човечкиот организам да биде заштитен од опасности. Овој тип на дезинфекција може да се примени и за време на епидемии, каква што е актуелната со коронавирусот – објаснува данскиот професор по микробиологија, Ханс Јорн Колмос.

Роботот за прв пат беше претставен минатата година по шестмесечната соработка на компанијата „Blue Ocean Robotics“ и Универзитетската болница во Одензе. Неговата изработка чинеше 67.000 долари, а е направен за да ги спречи смртоносните зарази.

– Коронавирусот е сличен на вирусот Мерс и Сарс. УВ-Ц зраците ги убиваат – вели Нилсен кој е уверен дека роботот може да помогне во борбата со коронавирусот ико не се направени посебни тестирања за тоа.

И купувачите и производителот се свесни дека роботите за дезинфекција не се семоќни, но сепак се од голема помош во борбата против вирусите.

– Имаме многу пациенти во разни болници кои се заразени со ковид-19. Треба да ги применуваме најстрогите стандарди кога станува збор за хигиената за да можеме да ја контролираме инфекцијата – објаснува Лена Ќириќ, професорка по молекуларна биологија на Универзитетот во Лондон.

И САД има свои адути Американската компанија Ксенекс работи на сличен производ наречен „LightStrike“ со кој рачно се пренасочуваат УВ зраците. Ксенекс во последните месеци има пораст на побарувачката на својот производ за кого најголем интерес пројавуваат Италија, Јапомнија, Јужна Кореја и Тајван.

Повеќе од 500 болници во САД го имаат овој производ и тој се користи во просториите каде се лекуваат заразените од коронаворусот. Кина исто така користи роботи во здравствените институции. Со нив се врши дезинфекција, се испорачуваат лекови, се фрла отпадот и се мери температура на пациентите.

– Мислам дека ова е почеток на зголемена употреба на роботиката во болниците и на јавните места – смета Чеон Шао, директор за истражување и развој на ИДЦ Кина. Токму коронавирусот ги поттикна кинеските компании со забрзано темпо да работат на развој на роботиката.

– Се обидуваме да дадеме свој допринос во борбата против коронавирусот како и многу луѓе во Кина – објаснува Кејман Гуан од компанијата YouiBot, која произведува автоматизирани роботи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот