РКЕ го архивираше барањето од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги сопшти дека писменото барање што до нив го доставија претставници на ВМРО-ДПМНЕ во тек на денешниот протест е архивирано по стандардна процедура како и за сите правни и физички лица.

– Поради состојбата со пандемијата и заштита на здравјето на граѓаните и вработените, РКЕ уште од март 2020 година воведе протокол за работа во кој, помеѓу другото, дописите се доставуваат во изолирана кутија на влезот од РКЕ. Во однос на доставеното барање беше постапено по воспоставениот протокол Здравјето на граѓаните и безбедноста на вработените во време на пандемија е клучен предуслов за функционирање на институцијата и затоа третманот на денешното барање од ВМРО ДПМНЕ е ист како и за сите правни и физички лица кои се обраќаат до РКЕ, наведуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Оттаму дополнуваат дека и покрај притисоците од политичките протести, продолжуваат да работат посветено со полн капацитет водејќи се од начелата на транспарентност и отчетност и ќе опстои во својата независност потврдена од Европската Енергетска заедница.

Ја ставаат на увид на јавноста анализата и ги реафирмираат наодите добиени од Европската Енергетска Заедница со кои, наведуваат, РКЕ добива позитивно мислење за да се стекне со статус набљудувач во Aгенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER – Agency for the Cooperation of Energy Regulators) затоа што ги има исполнето обврските и условите од Третиот енергетски пакет.

– РКЕ ја докажа способноста и посветеноста кон развивањето на регулаторни правила со висок квалитет и покрај притисоците од заинтересираните страни, покажа целосна автономија во процесите и го искористи својот независен статус даден согласно законот. Регулаторот покажа подготвеност и способност да се спротивстави на потенцијалните влијанија врз независноста што му е гарантирана според законот и да ја одбрани својата автономија. РКЕ покажа највисока експертиза, стандарди и посветеност за навремено развивање на регулаторните правила како што се бара според Законот за енергетика и воспостави напреден пазарен модел со висок степен на пазарна ориентација. Според тоа, подготовката на регулаторните акти во секторот на електричната енергија може да се смета за завршена, ја пренесува РКЕ оценката од анализата на Европската Енергетска Заедница.

Со едночасовна блокада на крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара од власта да ги прифати нивните барања – враќање на старата цена на струјата и оставка на членовите на РКЕ.

Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, рече дека се обиделе, но барањата не можеле да ги достават до РКЕ бидејќи биле пречекани со затворена врата.

ВМРО-ДПМНЕ повторно протестираше против поскапувањето на струјата (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот