ВМРО-ДПМНЕ повторно протестираше против поскапувањето на струјата (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 14 часот го започна вториот протест против поскапувањето на струјата. 

Како и пред два дена така и денеска граѓаните на протестот маршираа до зградата на Регулаторната комисија за енергетика, каде со автомобили ја блокираа улицата.

На маршот присуствува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и останатите партиски функционери, како Владо Мисајловски, Александар Николоски и Игор Јанушев.

Дел од партиското раководтсвото влегоа во зградата на Регулаторната, но набрзо излегоа со образложение дека никој не ги примил.

Како што изјави Мисајловски, во институцијата наишле на затворена врата.

– Влеговме во Регулаторната комисија, но никој не ни отвори да го поднесеме ова барање – да се врати цената на струјата и да си поднесат оставка сите членови на Регулаторната комисија и претседателот кои се партиски кадри – изјави Мисајловски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот