РК Металург ќе игра на меѓународен турнир во Атина

„Сино-белите“ од Автокоманда тестираат против кипарски и грчки клубови/Фото: РК Металург

Металург ќе биде дел од меѓународниот турнир „Андреас Папастаматис“, кој од 3-5 септември ќе се одржи во Атина во организација на екипата на АЕК.

Покрај Металург и домаќинот АЕК, дел од турнирот ќе бидат и екипите на Сабианко Анортосис Фамагуста од Кипар и на Диомидис Аргос од Грција.

Натпреварите ќе се играат во салата „Ѓоргос Касиматис“, со капацитет од само 600 места, а на средбите ќе можат да присуствуваат најмногу 360 гледачи, со потврда за целосна вакцинација.

Распоред на турнирот:

3 септември:

17.00 часот: АЕК – Диомидис Аргос

19.00 часот: Сабианко Анортосис Фамагуста – Металург

4 септември:

17.00 часот: Диомидис Аргос – Металург

19 часот: АЕК – Сабианко Анортосис Фамагуста

5 септември:

16 часот: Диомидис Аргос – Сабианко Анортосис Фамагуста

18 часот: АЕК – Металург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот