Римско „чудо“ на Сардинија, Лацио во трка за шампионската титула! (ВИДЕО)

фото: фејсбук

Денеска во рамките од 16. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство составот на Каљари беше многу блиску до голема победа, но предноста што ја имаше уште во раната фаза не успеа до крајот да ја задржи.

Уште во осмата минута водеа домаќините со голот на Симеоне после асистенцијата на Жоао Педро. Иако сите веќе го прогласуваа Каљари за победник, екипата на Лацио не дозволи да биде поразена и во самиот финиш успеа да направи пресврт.

Прво во 93. минута Алберто стрелаше за израмнување, а во 98. минута Хони убаво нафрли, највисоко скокна Каиседо, а овој со глава ја затресе мрежата на Рафаел за голема радост на „небесно-сините“.

Лацио на тој начин ја продолжува успешната серија во шампионатот, односно ја забележа и осмата победа по ред.

На тој начин римскиот клуб сериозно се вклучува во битката за шампионската титула, после 16. кола е на третото место со 36 бодови, само три помалку зад водечките Интер и Јувентус кои во последните неколку кола не бележат најдобри резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот