Рикер: САД се подготвени да се вклучат во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, денеска изјави дека Вашингтон е подготвен да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина, но тоа нема да се случи се  додека двете земји не се вратат на преговарачката маса, пренесе „Радио и телевизија Косово” .

Рикер за ВОА кажа дека пред извесно време со државниот секретар Мајк Помпео
разговарал за евентуалното засилување на улогата на САД во процесот.

-Ние имаме тесна соработка со европските партнери. Учествувавме во претходната фаза од  дијалогот, кога го постигнавме Бриселскиот договор, за кој верувам дека направи голема разлика за нормалното одвивање на животот, оддржувањето на мирот и намалувањето на тензиите во регионот во последните пет години, изјави Рикер.

Рикер верува дека и двете земји имаат желба да најдат решение и на тој начин да придонесат кон стабилноста и напредокот на Западен Балкан.

Како успешен модел за надминување на проблемите во регионот, „што не се решени со векови”, Рикер го спомена Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот