Рибери пред драстична казна, двапати го турна судијата! (ВИДЕО)

twitter.com/MatteMoretto

Фудбалерите на Фиорентина загубија на домашен терен од Лацио, а особено незадоволен после натпреварот беше Франк Рибери. Добро започна за Французинот кој асистираше до Киеза за израмнување во 28. минута, но на крајот римскиот клуб стигна до трите бода.

Рибери би можел да биде во посериозни проблеми, бидејќи камерите ја фатија ѕвездата на „виолетовите“ како двапати турна еден од помошниците на главниот судија.

Целата ситуација ескалираше пред крајот на мечот, во 89. минута Лацио дојде до победата, а во шестата минута од судиското надополнување судијата Гуида му покажа црвен картон на Раниери кој играше со рака во казнетиот простор, но Каиседо беше непрецизен од белата точка.

Рибери (кој беше заменет во 75. минута од Боатенг), не можеше да се помири со поразот, сета лутина ја истури кон еден од помошниците, а еден од членовите на стручниот штаб на Фиорентина спречи поголем инцидент.

Од Серија А подоцна стигна потврдата дека францускиот интернационалец доби црвен картон и тоа автоматски значи дека најверојатно го очекува суспензија од неколку мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот