Ри: Трамп треба да престане да користи навредлив јазик

Високиот севернокорејски функционер Ри Су Јонг изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да престане да користи навредлив јазик, кој може дополнително да го навреди севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Потпретседателот на владејачката Работничка партија на Кореја, Ри истакна дека Трамп треба двапати да размисли доколку не сака да види „поголеми катастрофални последици”, додавајќи дека Пјонгјанг ќе донесе конечна пресуда до крајот на годинава.

Претходно, високиот севернокорејски претставник Ким Јонг Чол нагласи дека Ким би можел да го промени односот кон Трамп, ако тој продолжи со „несоодветни, опасни” коментари. Тој воедно го нарече Трамп „нетрпелив старец”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот