Регион: Расте бројката на заразени и починати
Епидемијата на коронавирус во земјите од регионот не стивнува, во Словенија, според Европскиот центар за превенција на болести, состојбата на новозаразени е најлоша, Хрватска се уште е во „црвено“, а меѓу новозаразените најмногу се најневакцинирани лица
Во Словенија, тестирани се 5.618 примероци на коронавирус во последните 24 часа, од кои 1.011 се позитивни. На интензивна нега има 103 пациенти. Пријавени се уште пет смртни случаи, вкупно 4.521 од појавата. Во моментов има 13,734 активни инфекции.
Во Хрватска, се регистрирани 1.373 позитивни коронавируси, од 10.106 тестирани примероци, што го зголеми бројот на активни инфекции за 8.615. На респиратор има 89 пациенти. Пријавени се 15 смртни случаи, меѓу кои и еден 20-годишник. Повеќето од новозаразените и починатите се невакцинирани.
Според последните информации , 852 случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во БиХ од 3.456 тестирани примероци. Пријавени се 26 смртни случаи.
Од последниот пресек во Република Српска, тестирани се 916 примероци, од кои 396 се новозаразени. Пријавени се 11 смртни случаи, 4.120 од појавата. Во Р Српска има 10.463 лица кои се на лекување
Пет смртни случаи и 483 новозаразени лица се пријавени во Црна Гора, од 3.862 тестирани примероци. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид е 1.879. Вкупниот број на моментално активни случаи во Црна Гора е 8.104 лица.