„Ред сафари“, нов сингл на Кирил Џајковски, дел од саундракот за филмот „Врба“ (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Синглот „Ред сафари“ е дел од саундтракот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим.

По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во проектот „Бастион“.

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред сафари“ е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д.

Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот