Речиси 25 отсто е исполнет капацитетот на Инфективната Клиника (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Планот за следна инстутуција да биде ГОБ „8-Септемви“ е заради тоа што на пациентите доколку им треба друга услога, сакаме да им обезбедиме повеќе услови, да имаат се, таа болница е опремена со се освен со гинекологија и акушерство- рече Филипче.

Свеста на граѓаните е многу важен дел во однос на борбата со цел сузбивање на ширење на заразата од коронавирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во владата.

-Ова сепак е благ почеток, точно е дека бројот на пациенти е во пораст, но тоа е очекувано, имајќи ги во предвид мерките коишто се сега на сила. На Инфективната клиника капациетот е исполнет не цели 25 проценти, таму има на располагање 110 кревети, а планот за следна инстутуција да биде ГОБ „8-Септемви“ е заради тоа што на пациентите доколку им треба друга услога, сакаме да им обезбедиме да имаат сè, таа болница е опремена со се освен со гинекологија и акушерство- рече Филипче.

Многу мал број во светот, дециден беше Филипче, се родилки заразени со овој вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот