Рецепт за миш-маш: Кајгана со зеленчук и сирење, прсти да излижеш

Фото: Natalia Peredniankina / Alamy / Alamy / Profimedia

Миш-машот на нашите простори е најпознат како „коктел“ во две бои од газиран сок од портокал и црвено вино, но Бугарите го служат своето миш-маш во чинија. Станува збор за кајагана во која најчесто се ставаат пиперки, домати, кромид, лук, магдонос и бугарска фета.

Кога станува збор за пиперките, можете да користите свежа бабура или печена пиперка, а наместо фета, Бугарите понекогаш ја сервираат кајаганата со шопска салата. Ако сакате, можете да го изоставите доматот и да комбинирате со билки како копар и мајчина душица.

Состојки:

3 свежи или печени пиперки
3 домати
1 главица кромид
2 чешниња лук
350 г фета сирење
5 јајца
2 лажици сечкан магдонос
сол, бибер, масло

Подготовка:

Кромидот, лукот и магдоносот ситно исечкајте ги. Исечете ја пиперката. Излупете ги доматите, па исечкајте ги. Јајцата се матат и се рони фета сирењето.

Во голема, тешка тава, загрејте го маслото на средно-висок оган. Прво додадете го кромидот и пропржете неколку минути, а потоа додадете ја пиперката и промешајте и пржете околу 5 минути.

Додадете лук и домати, измешајте и пржете 5 до 7 минути. Додадете ја искршената фета и измешајте. Истурете ги јајцата. Мешајте повремено. На крај додадете го магдоносот и пржете една минута пред да го тргнете од оган. Послужете го топло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот