Реал Мадрид со понуда за Алегри, а Зидан ќе се врати во Јувентус?
„Кралевите“ на Масимилијано Алегри му нудат договор на две години, додека Јувентус го има Зинедин Зидан како една од најголемите желби, пренесуваат италијанските медиуми.
„Ла Гаѕета дело Спорт“ информира дека Зидан го привлече вниманието на Андреа Ањели, можно е францускиот тренер да го напушти Мадрид ова лето.
Весникот воедно открива дека треба да се надминат некои пречки, бидејќи Зизу, освојувачот на светска титула има договор вреден 12 милиони евра по сезона.
ℹ If Zidane leaves, Real Madrid will offer Allegri a contract of 2 seasons, 10 million euros for each. #rmlive 🇮🇹 👔
— Los Blancos Live (@LosBlancos_Live) May 18, 2021
Од друга страна, Реал Мадрид, наводно, е подготвен да се договори со поранешниот тренер на „Старата дама“, Алегри.
Засега сè е во стенд-бај, бидејќи Реал Мадрид има шанси да ја освои Ла Лига, и тоа во последното коло со победа против Виљареал на последниот натпревар, а Атлетико Мадрид направи кикс против Реал Ваљадолид.
Зидан би се вратил во Јуве, но овојпат како тренер. Како играч настапуваше за клубот од Торино од 1996 до 2001 година освојувајќи ја двапати Серија А, а беше и двапати финалист во Лигата на шампионите.