Реал Мадрид испрати нова понуда за Мбапе

Ништо од големиот трансфер, Мбапе останува „светец“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Реал Мадрид полека го стега обрачот од ПСЖ, Килијан Мбапе е метата од која претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез нема да се откаже до последните моменти од летниот преоден рок.

„Скај Спортс“ пренесува дека Реал Мадрид денеска испрати нова понуда до ПСЖ за Мбапе и таа е за 10 милиони евра „потешка“ од првата, Перез сега е подготвен да плати 170 милиони евра за одличниот напаѓач.

ПСЖ вчера го обвини Реал Мадрид дека директно го контактирал фудбалерот како и дека се однесува некоректно кон францускиот клуб, додека од Шпанија на ваквите изјави реагираа дека се непристојни.
– Официјалната понуда на Реал Мадрид е далеку од тоа што ние го сакаме. Станува збор за 160 милиони евра, тоа е помалку од сумата која ние ја издвоивме за трансферот на Мбапе. Изгледа дека стратегијата  на Реал е да добие „Не“ од нас, да покажат дека се обиделе да сторат се и потоа да почекаат до наредната година и да го донесат играчот без обесштетување – изјави вчера спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Договорот на Килијан Мбапе истекува наредното лето, а весникот „Ле Паризиен“ пишува дека ПСЖ не планира да го пушти својот играч да си замине за помалку од 220 милиони евра.

Војна на Реал и ПСЖ: Мбапе може да си оди само под наши услови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот