Реал го праќа Одегард и на трета позајмица (ФОТО)

twitter.com/CourtoisLegs

Само што ја заврши сезоната во дресот на Витезе каде што имаше учинок од 39 натпревари и 11 голови, „кралевите“ веднаш го испратија на нова позајмица, вкупно трета.

Од управата на клубот официјално потврдија дека Норвежанецот ќе му биде позајмен на Реал Сосиедад на една година, поточно до летото 2020 година.

На младиот Одегард во 2015 година кога потпиша за „кралевите“ му предвидуваа голема кариера, но следните неколку сезони не успеа да се наметне.

Има само еден официјален настап за Реал, на 30 ноември 2016 година во „Копа дел Реј“против нисколигашот Културал Леонеса и ги одигра сите 90 минути во триумфот од 6:1.

Да додадеме уште дека норвешкиот сениорски репрезентативец како позајмица играше и во холандскиот Херенвен со 38 мечеви и три погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот