Реал е „газда“ во Мадрид, „кралевите“ го слават Бензема! (ВИДЕО)

фото:твитер

Францускиот напаѓач им пресуди на „јорганџиите“ за големи три бода на „кралевите“ во битката за освојување на шампионската титула во шпанската „Ла Лига“.

Денеска во рамките од 22. коло во шпанското фудбалско првенство во мадридското дерби Реал беше подобар од Атлетико со 1:0.

Клучниот момент се случи во 56. минута, „кралскиот“ клуб имаше една убава акција, Менди прецизно и во прав момент му асистираше на Бензема, а овој рутински, искусно ја смести топката во мрежата на Облак.

Саботната програма започна со дуелот помеѓу екипите на Гранада и Еспањол кој го доби домаќинот со резултат 2:1.

Од 18.30 часот Мајорка на Александар Трајковски ќе ги одмери силите против Ваљадолид, а од 21.00 часот Валенсија е домаќин на Селта Виго.

На табелата води екипата на Зинедин Зидан со 49 бодови, дури шест повеќе од второпласираната Барселона која својот меч ќе го има в недела пред своите навивачи против Леванте на Енис Барди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот