Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Грција: Заразени се 2.224 лица, 108 мртви

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Од Министерството за здравство на Грција, попладневно соопштија дека 71 лице е хоспитализирано на интензивна нега, а 35 пациенти биле отпуштени од Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистриран 17 нови случаи на коронавирусот, со што бројот на заразени се зголеми на 2.224 лица, додека пак животот го загубија уште три лица, односно вкупно 108 од почетокот на епидемијата.

Од Министерството за здравство на Грција, попладневно соопштија дека 71 лице е хоспитализирано на интензивна нега, а 35 пациенти биле отпуштени од Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од починатите 108 лица, 29 се жени (26,5 отсто), а останатите мажи, додека пак просечната возраст е 74 години. 89,8 проценти од нив имале некаков здравствен проблем и/или се на над 70-годишна возраст.

Во изминатите денови се намалува бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 во Грција. Вчера беа соопштени 15, завчера 22, а во вторникот 25 нови заразени со коронавирусот.

Во однос на анализираните примероци, вчера и денеска не беа соопштени од Министерството за здравство на Грција.

Заклучно со средата 15 април 2020 година беа анализирани се 50.771 примероци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот