Пленковиќ тврди дека се обезбедени 83 пратеници, но дека преговорите се уште траат

epa09069437 Croatia's Prime Minister Andrej Plenkovic

Премиерот на техничката влада на Хрватска и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека преговорите за постизборна коалиција и формирање на парламентарното мнозинство продолжуваат и дека веќе имаат повеќе од 76 заменици.

Пленковиќ пред новинарите во Чаковец изјави дека начелно обезбедиле 76 пратеници и повеќе, без малцинските партии.

-Теоретски, ако ме прашате колку раце имам, ќе ви кажам имам 83, рече Пленковиќ.

Запрашан за коментар за одбивањето на Татковинското движење да вклучи претставници на СДСС во владата, Пленковиќ изјави дека тоа не била единствената тема на преговорите.

-Кога велам дека ги приближуваме позициите, се обидуваме во нормален дијалог да ги идентификуваме и разбереме позициите, рече лидерот на ХДЗ.

На прашањето дали ХДЗ е подготвена да се откаже од соработката со СДСС, Пленковиќ кратко одговори: „Ние разговараме“.

Тој објасни дека преговорите се во тек и телефонски и физички. Постојано се разговара, вели тој.

Пленковиќ верува дека Татковинското движење ќе ја повлече кривичната пријава што претходно ја има поднесено против него, јави загрепската телевизија N1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот