Расте бројот на новозаразени лица со ковид-19 во Дебар

Општинскиот Оперативен штаб во Дебар предупреди дека расте бројот на новозаразени лица со Ковид-19. Во последното деноноќие регистрирани се пет нови случаи, со што вкупниот број на заболени се зголеми на 185, од кои дури 134 се во втората фаза од болеста, односно од 5 јуни.

Со оздравените тројца во последното деноноќие, вкупно 62 лица ја добиле битката со опасниот вирус. Починаа шестмина, додека останатите се активни на болеста. Поголемиот број се со лесна форма на болеста, се лекуваат во домашни услови и се посетувани од нивните матични лекари.

Според општинскиот Оперативен штаб, кој состојбата и натаму ја оценува како многу сериозна, ширењето на вирусот е последица на високото ниво на непочитување на мерките за заштита од страна на граѓаните, како и деловните субјекти кои генерално не ги почитуваат работните протоколи, ниту работното време.

Од Штабот потврдуваат дека и натаму е голем бројот на граѓаните кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница во Дебар.

Полициската статистика, пак, за изминатото деноноќие бележи  дека за неносење заштитна маска во Дебар на три лица им се издадени прекршочни платни налози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот