Ранет скопјанец донесен во Градска

МВР информираше дека вчера во околу 22:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен 38-годишниот Б.Л. од Скопје.

По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од село Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во село Миладиновци, скопско.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот