Рама вели дека секој напад на Косово би бил напад врз Албанија

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Албанија ќе го брани Косово во случај да се исцрпат дипломатските опции и да се употреби оружје, додавајќи дека се моли да не дојде до таква ситуација, пренесува српска „Политика“.

„Ако дојде до тоа, Албанија дефинитивно ќе застане на страната на Косово. Нема сомнеж дека Албанија застана, стои и ќе остане на страна на Косово во секој случај, дури и ако, не дај Боже, работите дојдат до таму повеќе да не се преговара, туку да се користи оружје“, изјави Рама за телевизијата АТВ.

Тој посочи дека Албанија е членка на НАТО, дека има посебен однос со Косово и дека „секој напад на Косово е напад врз Албанија“.

„Косово не е само и има стратешки сојузници без кои не би можело да постои како држава. Поради оваа причина, мора да размислуваме за важноста на косовските сојузници“, додаде Рама.

Тој рече дека лидерите во Приштина и Тирана треба да размислуваат за иднината за да „станат поугледни“ на меѓународен план.

Според него, вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово била „чекор наназад за Приштина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот