Рама: Пристаништето Драч e полно храна и облека

Фото: Топ Чанел

Албанскиот премиер Еди Рама денеска апелираше до своите сонародници во државата и странство дека на погодените од земјотресот повеќе да не им се испраќа храна и облека, туку да се придонесе финансиски.

Рама на својот Фејсбук профил напиша дека складиштата се полни со храна и облека и истакна дека сега е време за донации со пари преку отворени интернет платформи.

-Пристаништето Драч повеќе нема капацитет за складирање, потребите за храна и облека се задоволени, благодарение на многу луѓе, организации, фирми, институциии од внатрешноста на Албанија и надвор- наведе Рама заблагодарувајќи им се на сите за донациите како и на разбирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот