Рама ја одликува Меркел со орден со голема ѕвезда

Еди Рама и Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Во име на Албанија, премиерот Еди Рама ја одликува германската канцеларка Ангела Меркел со орден со голема ѕвезда во знак на јавна благодарност.

– ДАНКЕ АНГЕЛА. Посебно задоволство е да ве одликувам во име на Албанија со орден со голема ѕвезда во знак на јавна благодарност, пишува Рама.

Канцеларката Меркел по пристигнувањето имаше одвоена средба со Рама, се сретна со премиерите на шесте земји од Западен Балкан, а планирани се средби одделно со секој од нив.

Зборувајќи со нив, Меркел истакна дека нејзина желба била да ги посети сите земји, но тоа е невозможно бидејќи за тоа се потребни 4-5 дена, и му се заблагодари на премиерот Еди Рама за организирањето на оваа средба во Тирана.

Средбата се одржува во Бизнис Парк – Тирана, што е најнова германска инвестиција во Албанија.

Целта на посетата на канцеларката Меркел на Тирана е регионалната соработка и главно имплементацијата на заедничкиот регионален пазар, иницијатива во рамки на Берлинскиот процес.

Неколкучасовната посета на Тирана, германската канцеларка Меркел ќе ја заокружи со заедничка прес-конференција со премиерот Рама.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот