Рама: Денот на црвеното знаме влезе во темнина

Фото: EPA-EFE/CYRIL ZINGARO

Со куса објава на својот профил на Фејсбук, албанскиот премиер Еди Рама го одбележа денешниот национален празник Ден на знамето, со зборовите дека денот осамна во темнината што привремено ја покри земјата.

– Денот на црвеното знаме влезе во темнина која привремено нè опкружува, пред да зајде сонцето. Господ нека ја благослови Албанија, Албанците без разлика каде и да се наоѓаат, без оглед на нивните верувања и најубавото знаме на светот, секако, напиша Еди Рама на Фејсбук.

По повод Денот на независноста, кој Албанија го одбележува како Ден на знамето, во земјата беа планирани повеќе настани, но Рама вчера рече дека по катастрофалниот земјотрес денеска и утре треба да бидат солидарни.

Во меѓувреме, албанското Министерство за одбрана соопшти дека досега во земјотресот загинале 40 лица, а најмалата жртва е тригодишно дете. Повредени се 650 луѓе.

Според спасувачките екипи, се помали се шансите под урнатините да бидат пронајдени уште преживеани луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот