Ракометарките во неизвесен финиш ја решија и Грција

Најдобрите македонски ракометарки од третиот шешир ги чека ривалите за ЕП 2022/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Женската ракометна репрезентација на Македонија оствари максимални три победи на претквалификацискиот турнир за пласман во баражот за СП 2021. На турнирот кој се играше во Скопје, избраничките на селекторот Симовски остварија три победи, над Исланд (24:17), Литванија (31:21), а денеска беше совладана и Грција со 20:19.
Првото полувреме помина во знакот на грчките ракометарки, откако поведоа со 2:3 ја имаа контролата на резултатот. До 13. минута предноста беше само еден гол, но благодарение на Хаципарасиду Грција поведе со 5:7, а најубедливо водство во првиот дел изненсуваше пет гола (8:13). Во финишот, Македонија со головите на Стојковска и на Ристовска за одмор замина со минус три (10:13).
Во второто полувреме поинаква слика на теренот, избраничките на Симовски со серија од четири гола по ред успеаја да израмнат на 15:15, а во 49. минута преку Ристовска и поведоа со 17:16.
Токму Сара Ристовска на седум минути пред крај носи предност од два гола 19:17, а подоцна и 20:18, но во последните моменти вистински јунак беше Мицевска која во последните секунди го запре ударот на Ментесиду и ја одбрани победата.
Покрај голманката Мицевска, во нападот блескаше Сара Ристовска која постигна десет гола.

Во баражот за пласман на СП 2021 можен противник е една од репрезентациите на Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот