Рафаел Леао: За мене Лигата на шампионите вреди повеќе од плата од 10 милиони евра

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Саудиска Арабија направи историска промена на фудбалскиот пазар и летово успеа да донесе огромен број ѕвезди.

Португалскиот 24-годишен напаѓач на Милан, Рафаел Леао одби да биде меѓу нив, бидејќи смета дека не ги остварил своите цели и соништа во Европа.

Леао игра за „росонерите“ од 2019 година, во оваа натпреварувачка сезона до сега во Серија а запиша три голови во пет настапи.

– Понуда од Саудиска Арабија? За мене Лигата на шампионите вреди повеќе од плата од 10 милиони евра. Сè уште не сум ги постигнал целите за да се согласам да одам во таа лига. Фокусиран сум и сакам да направам големи работи во Милан.Затоа потпишав нов договор пред неколку месеци – изјави Леао.

Да потсетиме, Милан во Серија А го следи Интер во борбата за титулата, додека во Лигата на шампионите е во групата на „смртта“ во која се уште ПСЖ, Њукасл и Борусија Дортмунд.

Бин Салман ги игнорира критиките дека преку спортот создава подобар имиџ за Саудиска Арабија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот