Радев до Вархељи: Бугарија очекува дијалогот со Северна Македонија да доведе до резултати

Румен Радев доби втор мандат како претседател на Бугарија/ Фото: ЕPA-EFE

Бугарија очекува билатералниот дијалог со Република Северна Македонија да доведе до конкретни резултати. Ова го изјави претседателот Румен Радев во телефонски разговор со комесарот Оливер Вархељи, соопшти прес-службата на бугарскиот шефот на државата.

Разговорот го иницирал еврокомесарот за добрососедство и проширување.

-Бугарија е отворена за дијалог, му постави јасни прашања на својот југозападен сосед и очекува одговори, но и реална реакција од Република Северна Македонија, нагласи шефот на државата.

Според бугарскиот претседател, агендата на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде предмет на надворешни влијанија, туку треба да биде отворено со посветеност и од двете страни, со што би се придвижил процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија.

Румен Радев го истакна почитувањето на правата на граѓаните на Северна Македонија, кои отворено го демонстрираат својот бугарски идентитет, како и одржливото искоренување на говорот на омраза и почитувањето на бугарската историја и културното наследство во РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот