Радев: Бришењето на „Иван Михајлов“ е израз на немоќ, уставни измени во РСМ мора да има

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Претседателот на Бугарија Румен Радев го прокоментира бришењето на здружението на Бугари „Иван Михајлов“ од Битола како многу лошо решение.

– Многу лошо. Решението е израз на паника и немоќ. Скопје треба да признае дека има македонски Бугари, дека има бугарско присуство во РСМ. Не од денес, од вчера туку до векови, од 1300 година. Забранувањето на имињата на бугарските клубови нема да ја за забрани упорноста на Бугарија и на нашите европски партнери, РСМ да ги запише Бугарите во Уставот“, изјави Радев во Брисел денеска во одговор на новинарско прашање.

На прашањето  дали денеска ќе се разговара на таа тема на состаноците во Брисел тој додаде:

– Се сеќавате дека во мај месец минатата година јас за прв пат тука го отворив прашањето за правата на македонските Бугари, бидејќи тука не го разбираа проблемот ниту институциите, ниту нашите партнери, ниту лидерите на тие држави. Благодарение на нашата едногодишна упорна работаупорна работа, впишувањето на Бугарите во Уставот веќе е дел од преговарачката рамка, слушнавте што кажаа и европските лидери, тоа е апсолутно задолжителен услов –  додаде Радев.

Од бугарското МНР, пак, денеска соопштија дека се длабоко вознемирени од последните активности на Северна Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот