Работнички и Шкендија ремизираа на подготовките во Анталија

фото: Шкендија

Актуелниото шампион одигра 3:3 протов данскиот Рандерс, додека „романтичарите“ ремизираа против рускиот Томск.

Шкендија во третиот натпревар на подготовките во Анталија го забележа второто реми, откако денеска во вистинско гол шоу одиграа 3:3 против данскиот прволигаш Рандерс.

Агим Ибраими беше двоен стрелец за Шкендија, првиот гол го постигна со седмата минута од пенал, а вториот во 78. минута, додека третиот гол беше дело на Арменд Алими во 72. минута.
Головите за данскиот тим ги постигнаа Рис во шестата минута, Камара во 28. и Кехинде во 60. минута.

И екипата на Работнички денеска ремизира, играјќи без голови со рускиот тим Томск.

За разлика од Работнички и Шкендија кои ремизираа, Академија Пандев која исто така се наоѓа во Анталија, доживеа убедлив пораз од рускиот Ротор. „Пандевци“ се поразени со убедливи 1:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот