Работата на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва ќе се разгледува на владина седница

Втората редовна седница на Владата е предвидена да започне во 12:00 часот, и со неа ќе претседава премиерот Оливер Спасовски.

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи втората редовна седница, на која меѓу другото, ќе се разгледа и усвои Предлог – програмата за работа на Владата во 2020 година.

На денешната седница, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат разгледани и ќе бидат ставени на усвојување програмите за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост.

На предлог на Министерството за финансии денеска треба да биде разгледан и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, по скратена постапка, a Министерството за економија за оваа седница ги предлага точките Предлог – програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година и Предлог – програма за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2020 година.

Владата на ќе ги разгледа и Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за 2020 година.

На денешната седница Владата ќе се произнесе и по  Предлог – националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, а на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација ќе биде разгледана и информацијата за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор.

Втората редовна седница на Владата е предвидена да започне во 12:00 часот, и со неа ќе претседава премиерот Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот