Путин: САД помогнаа во спречување на терористички напад во Санкт Петербург

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Путин рече дека Русија ќе одговори на таа учтивост и ја истакна важноста за соработката со колегите од странство.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека им е благодарен на САД за доставувањето информации до Русија кои го спречија терористичкиот напад на земјата кон крајот на 2019 година.

„Благодарение на навремените информации што ни ги даде ФБИ, уапсени се двајца членови на т.н. Исламска држава кои планирале напади во Санкт Петербург за новогодишните празници”, рече Путин за време на состанокот со Комитетот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Путин рече дека Русија ќе одговори на таа учтивост и ја истакна важноста за соработката со колегите од странство.

– Постои зголемена побарувачка за ресурси од меѓународната база на податоци за борба против тероризмот, потенцираше Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот