Путин одобри лица постари од 40 години да се приклучат на руската војска

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на лица постари од 40 години да се пријават во армијата на Руската Федерација.

Русија ја укина старосната граница за професионалните војници, отворајќи ја можноста за регрутирање повеќе цивилни експерти, вклучително и медицински лица, инженери и специјалисти за воени операции и комуникации за конфликтот во Украина.

Претходно во руската армија можеа да се приклучат руски државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека регрутите кои ѝ се приклучиле на армијата оваа пролет нема да бидат испратени на ниту едно бојно поле.

Регрутирањето во Русија, кое датира од времето на царството, ги обврзува мажите на возраст од 18 до 27 години да служат војска една година.

Русија сега има повеќе од 400.000 професионални војници во активните вооружени сили, што брои вкупно 900.000 војници и може да мобилизира околу два милиони резервисти, јави Танјуг.

Украинската армија е многу помала се проценува дека има 200.000 активни војници и 900.000 резервисти, иако таа бројка ја зголемила преку масовна мобилизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот