Путин од Киргистан: Христијанството и исламот се темелат на исти вредности

Фото: Принтскрин

Православното христијанство и исламот се темелат на исти вредности, изјави рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето на верската конференција во Киргистан.

Конференцијата „ Православието и сламот – религии на мирот” , има за цел да ги промовира меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог меѓу Русија и Киргистан, пренесе „Москва Тајмс”.

– Исламот и православното христијанство, како и другите светски религии, се темелат на фундаменталните хуманистички вредности, кои имата трајно значење – на милордие и љубов кон ближните, на правда и почитување на човековото битие, рече Путин, пренесе Тасс.

Тој додаде дека од суштинско значење е зачувувањето на врската меѓу двете земји, како и на соработката на религиските организации во заштитата на мирот и меѓусебното договарање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот