Путин го пречека Ердоган во Москва: Да се спречи пролевањето на крв во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.

По средбата на Меѓународниот аеродром во Москва „Јуковскиј“ која траеше еден час и 20 минути, Ердоган и Путин одржаа заедничка прес-конференција на која се осврнаа на неколку прашања.

– Наша цел е да се спречи пролевање на крв и нашиот сосед Сирија брзо да добие мир по кој копнее веќе осум  години – изјави турскиот претседател.

Тој рече дека „ во нападите на режимот во Идлиб од мај до сега се убиени повеќе од 500 невини луѓе, а над 200 цивили се повредени“.

Неприфатливо е режимот од копно и воздух да убива цивили (во Идлиб), под изговор дека се бори против тероризмот, додаде Ердоган.

Турскиот претседател се осврна и на Договорот од Сочи при што истакна дека Турција „може да ги исполни обврските кои произлегуваат од Договорот во Сочи само доколку се стави крај на нападите на режимот“.

– (Нападите на режимот) Особено во близина на нашите граници, не повикуваат да се браниме и да ги преземеме потребните чекори тогаш кога е потребно – ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот