Путин ги награди полицајците и војниците во пресрет на парламентарните избори

Владимир Путин и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шоигу/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да им биде испратена парична награда на сите членови на полицијата и војската во Русија, во пресрет на парламентарните избори кои треба да се случат наредниот месец, пренесува ТАС.

Овие граѓани припаѓаат на традиционалното гласачко тело на „Единствена Русија“, владејачката партија чија популарност опаѓа поради забележаниот пад на животниот стандард по 2014-та година, со зголемена инфлација во последните неколку месеци.

Сите војници и полицајци на почетокот на септември ќе добијат награда од 15.000 рубли (170 евра), во согласност со извршните наредби издадени од Кремљ на претседателот.

Покрај нив, Путин објави дека и пензионерите ќе добијат еднократна помош од 10.000 рубли (110 евра).

Иако бројот на луѓе кои ќе ги добијат наградите не е објавен, се проценува дека Русија има околу 42 милиони пензионери и речиси 1,7 милиони полицајци и војници.

Поради економската стагнација и корупциските скандали, Единствента Русија сега има 27,3 проценти јавна поддршка, објави Институтот за истражување на јавното мислење „Всиом“, што претставува голем пад во поддршката за актуелниот претседател Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот